Денеска во Скопје се случила средба помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев, Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јави телевизија Клан Македонија.

Како што објави Клан Македонија Заев, Ковачевски и Ахмети имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори.

Клан Македонија дознава дека работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера но без детали за другите теми кои се дискутирале.

Инаку, една ваква средба со работен ручек Заев – Ахмети, пред една година се одржа во Струмица.