„Дали знаете некој проект или некоја иницијатива на Нова Алтернатива во изминатиов период да излегле со некое барање или иницијатива, проект во овие 4 години за подобрување на животот на граѓаните, апсолутно не, најголем дел од тие политички субјекти се партија поединец. За жал еве еден проект кој подолг временски период се тера во државата. Миле Зечевиќ како генерален секретар на СДС успеа да направи еден проект преку кој ќе промовира лица и личности кои планираат да работат против ВМРО-ДПМНЕ и на сузбивање на опозициониот капацитет во државата“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Тој продолжи и додаде дека коалицијата Арсовска, СДС, Левица и ДУИ јавно се потврди пред граѓаните.

„Сликата која ја видовме од вчерашната промоција кажува се односно дека она што тајно се заговараше и зборуваше а тоа е за постоењето на коалицијата помеѓу Данела Арсовска, СДС, Левица и ДУИ станува јавно презентирано пред граѓаните“, рече Мицевски.

Тој истакна дека во наредниот период ќе има уште такви субјекти кои 4 години не се појавиле јавно на сцената.

„Во наредниот период ние ќе имаме уште такви политички субјекти кои 4 години не се појавиле на сцената, не дале свое мислење, не дале свој предлог, не помогнале во решавање на одредени проблеми од било кој аспект во државата за да сега се јават и да ја критикуваат ВМРО-ДПМНЕ. Целта на тоа е намалување на капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ кој е сигурен победник на изборите меѓутоа желбата е да се доведе ВМРО-ДПМНЕ во една некомфорна ситуација при формирање, составување на Влада или при преговарање за одредена владина програма“, вели Мицевски.