Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ја продолжи расправата за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2020 година, а потоа на втората седница ќе ги разгледа годишните извештаи за работата на Агенцијата за администрација, на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за заштита на личните податоци, сите за 2020 година.
На дневен ред на двете седници на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот внатрешни работи, второ читање поднесен од Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Илија Николовски, Љупчо Балкоски, како и предлог-одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република и за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, второ читање, и
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.