Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 9 до 19, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во наредните денови времето ќе биде стабилно. Од утре температурата насекаде ќе биде во значителен пораст, особено од средината на неделата.