Да се изборите за денар повеќе, надвор од вашата институција, треба да  знаете да ги менаџирате процесите. Јас во Кисева Вода сметам дека добро ја водев општината, а повеќе од половина мандат го поминав со централна власт од сегашната опозициска партија. Имав со некои министри нормална комуникација , а на пример министерот за финансии не можев да го добијам две години за најнормално прашање , не за мене лично, туку за граѓаните на Кисела Вода, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.

Јас како градоначалник на Скопје, изминатиов период , влегов во фаза да ги реализирам сите оние проекти кои беа рак рана во Скопје , односно не беа решени, беа закочени и тоа го правиме сами со сопствен буџет на град Скопје , тука е булеварот Борис Трајковски, сега сме во фото финиш . На Момин поток имаме одлична динамика , таму има пет моста во целиот процес , четири досега се изградени и веќе се функционални, петтиот се гради, а тоа е паралелен мост близнак на тој што имаме што е направен во времето откако јас сум градоначалник . Таму имавме нула решени имотно правни односи , немаше исплатено ниту денар за експропријација . Во времето на СДСМ кои пак често знаат да кажат „Орце ги довршувал проектите од СДС“, ќе го земав во предвид Булеварот Борис Трајковски . Пред избори, тогашниот нивен градоначалник дојде , постави два багери во Кисела Вода и ископаа 20 квадрати на единствено парче државна земја , после трафостаницата имате најмалку 50 индустриски објекти кои требаше да се експропираат, затоа што дефакто секаде влегувавме во површина на приватна сопственост. Тоа вака изгледа лесно од денешна перспектива , но тоа се часови и денови разговори , објаснувања , преговарања кои што ги водевме јас и  мојот тим . Доста ангажман имавме таму. Исто беше и за Љубљанска мостот, таму немаше добиено согласност од Конзерваторски центар . Кога започнавме да го работиме целиот потег со Конзерваторскиот центар , требаше да се испита земјата , добивме согласност но изгубивме месеци . Таму имаше десетина објекти кои исто така ги експропиравме . Завршувам со Момин поток , немаше решено ниту едно имотно правно прашање , значи Борис Трајковски до Нова година треба да е готов, Љубљанска мостот треба до Нова година да е готов да сечеме лента.  Пробивањето што го ветив на генерал Михајло Апостолски Аеродром Гази Баба ветив дека ќе го направам пробивањето до крај на мојот мандат , ќе асвалтираме таму , сега за кратко ќе се вози таму . За таму имаше решено четири предмети кога станав градоначалник , изјави Ѓорѓиевски.

Сега доаѓаме до Лимак еден од најклучните проекти за градот Скопје , по сите студии треба за 30% да ја намали гужвата. Веќе ја работиме интензивно и втората фаза , а до крајот на мојот мандат ќе го завршиме цел проект. Создаваме систем кој ќе функционира на долг рок, изјави Ѓорѓиевски.