Спикерот на Парламентот Талат Џафери треба да ги распише претстојните локални избори, а уште пред да почне кампањата, партиите излегоа со можни комбинаторики и кандидати за градоначалници.

Владеачката партија кажа дека влегува во коалиција со ДУИ, БЕСА и ДПА додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави нови кандидати кои ќе ги објави следниот месец.

Она што е непознато е дали процесот на изборите ќе се одржува по нови правила кои се во собраниска процедура, а се однесува за изборниот праг на независните кандидати.