На седница на Советот на Град Скопје денеска ќе се најде предлог-буџетот за 2023 година.
Според направените процени и анализи, во буџетот за идната година се предлагаат вкупни приходи и други приливи во износ од 7 милијарди денари, вклучувајќи го и делот од вишокот на приходи остварен во минатите години, во износ од 248.500.000 денари.
Планираните јавни расходи се исто така во износ од 7 милијарди денари, односно толку ќе се потроши за обезбедување на потребните добра и услуги за граѓаните.
На денешната седница се очекува долга дискусија за обемниот материјал, доставен пред советниците пред една недела, во кој, според нивните забелешки, не било прецизирано точно за кои проекти колку пари ќе се трошат од градската каса.