Дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Според информациите од Министерството за здравство, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19. Од нив, 26 се во Скопје и 64 во ковид центрите во болниците во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.
Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје има вкупно девет болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 17 пациенти.