Според истите информации, младите кои присуствувале на забавите во изминатите дена, преку социјалните мрежи коментираат дека тие лично или нивни пријатели се позитивни.
Телевизијата „Мега“ објави дека мнозинството од младите биле средношколци, а информативниот портал „Њуз247“ коментира дека од вчерашните нови 408 случаи во Атика, 107 се во јужното предградие на Атина, односно онаму каде што се наоѓа барот.
Познатиот атински бич бар попладнево преку Фејсбук соопшти дека до 14 јули ги откажува сите планирани забави, поради вонредните мерки за заштита на јавното здравје и поради опасноста од дополнително ширење на Ковид-19.