Десетина дена нема ниту трага, ниту глас од исчезнатиот скопјанец Богољуб Митов. Семејството бара помош да се пронајде 63-годишникот, кој страда од деменција.

Петковден за семејството Митови од свечен ден се претвори во ужасен откако Богољуб исчезнал. По него се трага осми ден зашто не го послушал семејството да остане дома и наместо да стигне в црква, на која и бил посветен, му се губи трагата, вознемирено ни раскажува неговата ќерка Александра. До ова немало да дојде доколку, вели, институциите не ги одбивале сите нивни обиди да го згрижат во нив.

Откако почнала да споделува по социјалните мрежи и се јавиле многу луѓе дека го виделе Богољуб, но никој не се потрудил да го задржи така што само талкаат од место на место.