Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотоски во гостувањето на ТВ24 изјави дека „сме покажале дека имаме капацитет со предизвиците“ и рече дека ниту тој, ниту граѓаните, немаат никаква дилема за тоа што ќе се случи по четврток, алудирајќи на иницијативата за гласање на доверба на владата.
Според него, доколку иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и опозициските партии не успее, политичкиот курс на државата ќе се задржи и продолжува понатаму.
„Остануваме посветени на ЕУ, да ги искористиме сите придобивки од НАТО, продолжуваме на патот на повеќе работни места. Оваа влада за првпат пред 4 години започна програма за финансиска поддршка на инвестирање во приватниот сектор, работните места и платите“, рече Деспотоски.