Министерството за вонредни ситуации потврди дека во авионот имало 23 лица.

Авионот носел над 20 „скајдајвери“, односно лица кои скокаат со падобран, во близина на градот Мензелинск во Татарстан. Авионот бил во сопственост на локален авио-клуб, се срушил веднаш по полетувањето. Предниот дел бил уништен од ударот, додека пак задниот останал речиси недопрен.

Други детали за несреќата засега не се соопштени.