Нема повредени лица во пожарот кој утринава избувна во поранешната фабрика „Македонија Табак“, се првичните информации од полицијата.

-Во 09.30 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“ во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Служби на СВР Тетово веќе се испратени на местото на пожарот и ги преземаат сите неопходни мерки.

СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.