Детали за сообраќајката во која се преврте полициско возило

Д

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа која рано утринава се случи на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, потврдува Министертвото за внатрешни работи.

Хроника 10.07.2021. 11:57

Од МВР велат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и автомобил „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.А.(41) од Скопје.

– Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (полициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.


Останати вести од Хроника

Подкаст

Подкаст