Седмооделенецот Коста К која има 14 години утринава околу осум влегло во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград ги убил чуварот, наставникот по историја и осум соученици.

Како што дознава informer.rs, Коста одел на натпревари по математика и биологија и добил бројни награди и пофалби. Важел за еден од најталентираните ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ каде го изврши масакрот.

Неговите школски другари за него велат дека секогаш бил мирен и повлечен и дека никогаш не правел проблеми, туку се истакнувал по примерното однесување.

Инаку Коста утринава пукал со два пиштоли, и испукал пет рамки при извршување на маскрот, во неговиот ранец биле пронајдени пет шишиња молотови коктели.

По масакрот тој мирно тргнал од училиште, а набрзо полицијата ги блокирала сите околни улици и го уапсила Коста.