Дванаесетгодишно момче од Србија е спасено откако било извлечено во бессознание од морето во близина на Ханиоти на Халкидики. Благодарение на брзата интервенција на спасувачите, детето било реанимирано, по што било префрлено во болница, каде што неговата состојба е стабилизирана.
Според „Прототема“, спасувачите веднаш му укажале прва помош на момчето и извршиле реанимација веднаш по извлекувањето од морето.
По интервенцијата, со возило на итната медицинска помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што лекарите ја стабилизирале неговата состојба. Потоа било упатено на понатамошно лекување во болница во Солун.
Како што пренесува РТС, од болницата во Солун соопштиле дека здравствената состојба на момчето е добра и дека се лекува во детска болница.
