Четиригодишно дете од Скопје е тешко повредено во сообраќајна несреќа во главниот град. По судирот меѓу автобус и автомобил, возачот на патничкото возило го напуштил местото на настанот.
Несреќата се случила на 11 март 2026 година во 09:25 часот на крстосницата меѓу булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Кочо Рацин“ и улицата „Крсте Мисирков“ во Скопје.
„На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР.“
