Деветнаесет лица загинаа, а шест се повредени денеска во автобуска несреќа во Египет. Возилото паднало во канал во северен Египет, соопшти Министерството за здравство во Каиро.

Автобусот превезувал 35 луѓе кога излетал од автопатот и паднал во каналот Мансирија во градот Ага во провинцијата Дакалија.