– Осомничената по грабежот е во бегство и не знаеме каде се наоѓа. Затоа се обративме до населението за помош , се вели во соопштението на полицијата.

Локалниот дневен весник „Weser Kurier“ претходно објави дека станува збор за разбојништво што се случило околу 21 мај и дека грабежот бил забележан дури на 25 мај.

Осомничената била задолжена за подготовка на пари за транспорт во безбедносната транспортна компанија.

Државното обранителство, кое во меѓувреме покрена обвинение за тешка кражба, претпоставува дека осомничената веќе некое време била во странство, а се претпоставува дека побегнала во Турција. Осомничената има турско потекло, а медиумите шпекулираат дека таа се засолнила со своето семејство во Турција.

Друго лице, кое исто така е осомничено за соучесништво, се наоѓа во истражен затвор.

Полицијата верува дека зад кражбата стои организирана криминална група.