Вистински хорор доживеале две другарки од тетовско. Додека се возеле такстисот се однесувал непримерно, па тие скокнале додека возилото било во движење. Случката во полиција ја пријавил дечкото, на една од девојките.

Вчера во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од село Пршовце, тетовско, додека биле во такси возило, возачот започнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација, информираат од полицијата.

Според пријавеното, тие успеале да скокнат од возилото во движење и побарале помош, информираа од СВР Тетово.

За случајот е известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.