Напредни технологии за пристапност до парламентарните информации за сите граѓани

Собранието на Република Македонија направи значителен чекор во модернизацијата на својата официјална веб-страница, интегрирајќи напредни технологии за пристапност. Овие подобрувања овозможуваат полесна и еднаква употреба на дигиталната платформа за лицата со попреченост.

Новите функции го олеснуваат пристапот за лица со визуелни, моторни и когнитивни потешкотии, со што информациите стануваат поразбирливи, навигацијата по веб-страницата полесна, а содржините поблиски до граѓаните.

Инклузивна дигитална трансформација и усогласеност со европските стандарди

Оваа инвестиција е во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1, следејќи најдобри практики во дигиталното управување и почитувањето на човековите права. Подобрувањата не претставуваат само технички чекор, туку и јасен знак за заложбата на Собранието кон транспарентност, дигитализација, граѓанска вклученост и пофункционална демократија.

Кога институциите ги прават информациите достапни, тие стануваат поотворени и доверливи. Со овие иновации, Собранието продолжува да гради мостови на комуникација со граѓаните, покажувајќи дека дигиталната трансформација има вистинска вредност само кога е инклузивна.