Во Генералниот конзулат на Македонија во Чикаго, САД, непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од тамошниот генерален конзулат посочуваат дека досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле, соопшти МНР.
Ова, како што велат, претставува позитивно изненадување за нашата дијаспора во САД
– Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на оваа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга”, вели генералниот конзул во Чикаго, Петрит Муслиу.
За леснотијата и ефикасноста на целиот процес се изјаснија и наши тамошни граѓани.
– Проектот за мобилно издавање патни исправи е доказ дека Министерството за надворешни работи преку својата мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва останува во служба на дијаспората, наведуваат од МНР.