Излезноста на локалните избори до 15:00 часот изнесува 31,34%, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на редовната прес-конференција.
Податоците, како што појаснија од Комисијата, се добиени од вкупно 3.445 избирачки места низ државата.
Излезноста во Скопје до 15 часот изнесува 31,16 проценти
Државната изборна комисија (ДИК) информира дека до 15 часот на денот на локалните избори во Скопје излезноста достигна 31,16 проценти.
Подетален преглед по општини
Аеродром – 31,50%
Бутел – 33,10%
Гази Баба – 27,82%
Ѓорче Петров – 30,11%
Карпош – 33,37%
Кисела Вода – 31,58%
Сарај – 36,33%
Центар – 34,40%
Чаир – 35,3%
Шуто Оризари – 21,99%
Од ДИК истакнуваат дека до овој момент нема пристигнато приговори или жалби во врска со нерегуларности на избирачките места, а гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера.