Согласно Изборниот законик, на секои шест месеци Државната изборна комисија јавно ги повикува граѓаните да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена.

Имајќи го ова предвид, ДИК денеска го испрати јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список.

Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа може да го направат по електронски пат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија http: //www.sec.mk или на адресата https ://izbirackispisok.gov.mk.