Денес објавуваме нови детали од случајот со купувањето на дуќанот на улица „Македонија“ од страна на братот на Артан Груби, кои потврдуваат дека истиот е купен под реалната цена, а се доволна индиција за ЈО да не чека ниту ден и да отвори истрага.

Според нашите информации банката која му дала кредит на Ветон Груби, го проценила истиот на 200.000 евра, односно два пати повеќе од тоа што Груби платил.

Проценката на банката е со најниската цена по метар квадратен, зошто така си ги штити своите пари, но дури и по таа проценка Груби го платил дуќанот два пати поевтино од најниската реална вредност.

Груби мора да одговори, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат купува дуќан во центарот на Скопје по неколкупати пониска цена од реалната? Како братот на Груби плаќа 650 евра за квадратен метар деловен простор на улица „Македонија“?

Цената за квадратен метар која Груби ја платил за дуќан во центарот на Скопје е помала не само од цените во Скопје, туку и од другите градови низ Македонија.

ЈО мора да реагира. Од авион се гледа дека братот на Груби платил цена многу пониска од реалната. Мора да се истражи зошто дуќанот е купен под цена и дали можеби разликата во цена е платена во готово или со други услуги кои не се пријавени, а со тоа е прекршен законот и е затаен данок?

ЈО да не чека, имаме еклатантен пример за политичка корупција која мора да има епилог.