Историски високи приходи во јули, според Димитриеска-Кочоска, резултат на ефикасна и одговорна работа
Историски високи приходи се забележани во буџетот на државата за месец јули, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На својот профил на Фејсбук, таа објави дека Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Тоа според неа е доказ дека државата се движи кон финансиска стабилност и одржлив економски раст.
Министерката потенцира дека растот на приходите од даноци и придонеси за јули изнесува 7,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Приходите од акцизи бележат зголемување од 5,7 отсто, а увозните давачки се зголемени за 19,2 проценти.