Економското расположение во Македонија во март 2021 година е најниско во Европа. Тоа го покажуваат податоците од индикаторот за економско расположение (ESI – economic sentiment indicator) којшто го изработува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија. Неговата цел е да го следи растот на БДП на земјите-членки, на ниво на ЕУ и еврозоната, и на земјите кандидат – членки.

-На почетокот на кризата (во април 2020 година) во рамки на редовните пролетни прогнози, Светска банка очекуваше дека падот на македонската економија во 2020 година ќе биде најнизок од сите балкански држави. И според песимистичкото сценарио беше оценет за најнизок (-3,2%).
НО, по година дена, остварувањата на БДП покажуваат дека сите земји испорачаа подобри резултати од очекуваните на Светска банка (односно понизок пад од очеуваниот), а МАКЕДОНИЈА има повисок пад од очекуваниот (-4.5%). Исклучок е Црна Гора, која што остварува најголем дел од БДП од туризам, каде падот беше повисок од очекуваниот. Е сега, дали се ова успешно спроведени економски политики на Владата на Заев? Србија има пад од 1%, Албанија пад од 3,3%. Плус на ова, имаме најнизок прогнозиран раст за 2021 година (3,6%), по БиХ (2,8%). Србија ќе расте со 5%, а Албанија со 4,4%!
Во 2020 година имавме и најниски странски директни инвестиции од сите земји (исти како со БиХ) од 1,9% од БДП. Во Црна Гора беа 11,2% од БДП, Албанија 6,9% од БДП, Србија 6,2% од БДП, Косово 4% од БДП-напиша Гордана Димитриеска Кочоска на својот профил.

На почетокот на кризата (во април 2020 година) во рамки на редовните пролетни прогнози, Светска банка очекуваше дека…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Thursday, April 29, 2021