„Ништо друго освен да го финансираат криминалот“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска при вчерашната посета на населени места како дел од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ, „Ова е Македонија за сите“.
Димитриеска Кочоска додаде дека секојдневно граѓаните гледаат и сведоци се дека освен криминал и корупција власта ништо добро не прави за населението.
„Е, сега покрај тоа што сакаат да ги земат парите од граѓаните односно да се прелеат од банките во министерство за финансии, поголем проблем со ваквата одлука или мерка, како и да ја наречеме, е тоа што они ќе влијаат на поскапувањето на сите кредити кои што ги има населението. Јас не познавам куќа во која што барем еден потрошувачки кредит нема“, појасни таа.
Димитриеска Кочоска посочи дека сите кредити ќе поскапат бидејќи власта ќе може да влијае на поскапувањето на кредитите, се наведува во партиското соопштение.