Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски денеска ќе отпатуваат за Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција.

Посетата на Бектеши и Деспотовски ќе трае три дена и е во рамки на официјалната посета на претседателот на државата Стево Пендаровски на Белгија.

Во рамки на економскиот дел од посетата, како што јави известувачот на МИА, пред белгиски компании-членки на стопанските комори на Брисел и Антверпен, ќе бидат презентирани условите што ги нуди Македонија за инвестирање.

Како дел од посетата, предвидена е и средба со претставници на македонската дијаспора во Белгија.