По преземањето на општините можеме да кажеме дека состојбата во општините укажува на едно лошо и недомаќинско работење, а во некои општини и спротивно на законот. Кога зборуваме за лошата состојба на општините ние можеме да отвориме многу теми, но ќе тргнам од тоа што е најважно, а тоа се буџетите на општините и тука можеме буџетот да го гледаме од два аспекта , односно неговата приходна и расходна страна, рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска на денешната панел дискусија „Што наследија општините“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ по повод 100 дена локална власт.

Димитриеска Кочоска посочи дека во однос на приходната страна на буџетите, градоначалниците од СДСМ воопшто не се грижеле за прибирање на средства од данок на имот, како најзначаен сопствен извор за финансирање на општината, посочувајќи еден таков пример во дека една скопска општина каде што според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности се гледа дека еден правен субјект данок на имот за 5000 метри квадратни ,а располага со 95 илјади метри квадратни.

Прво ќе се обидам да објаснам што се случувало во овие четири години кога зборуваме за приходната страна буџетот особено за данокот на имот. Зошто данокот на имот сакам да го продискутирам денес, од причина што тоа е најзначајниот сопствен извор на финансирање на општината. Значи не ги зборувам дотациите кои што општините ги добиваат од буџетот. Зборуваме за она што е одговорност на општините од аспект на прибирање и располагање со тие средства. Состојбата укажува дека градоначалниците комплетно во тие четири години не се грижеле за прибирањето на данокот на имот и ако ги погледнеме ситуациите и податоците од катастарот имаме општини во кои што метри квадратни на физички лица или правни лица кои што ги плаќаат кај данокот на имот, се многу повеќе во однос на решенијата на данок на имот. На пример има ситуација во една скопска општина каде што еден правен субјект плаќа данок на имот за 5000 метри квадратни ,а располага со 95 илјади метри квадратни, објасни Димитриеска Кочоска.

Ова може да не упати на два заклучока едниот е дека градоначалниците биле комплетно незаинтересирани, мрзеливи и не ги интересирало работење и прибирање на данок, а втората работа може да бидат и коруптивни извори нели зависно од тоа за колку пари станува збор, па да има ситуации каде што им проштеваат одредени даноци, односно не ги регистрираат и притоа можеби се договараат за поддршка во кампањи, или можеби пари кои што завршиле во џебовите на поедини луѓе во општината. Она што загрижува е тоа што неприбирањето на данокот на имот не ги става во подеднаква сите граѓани на таа општина. Затоа што од една страна вие имате жители кои што навремено си го плаќаат данокот на имот и имате жители или правни субјекти кои што не ги сервисираат своите обврски, а притоа во овие четири години градоначалниците воопшто ништо не преземале по однос на ова прашање, додаде Димитриеска Кочоска.

Според нејзе, во однос на расходната страна, буџетските средства континуирано се трошеле за непродуктивни цели односно како што рече трошени се средства за одредени јавни набавки, услуги и производи од нивната реална вредност.

Во однос на расходната страна за кое што ние во континуитет го зборуваме е трошењето за непродуктивни цели. Па така граѓаните во континуитет беа информирани дека имаме коруптивни јавни набавки, преплаќани се одредени тендери, значи трошени се многу повеќе пари од тоа што навистина одредена јавна набавка, услуга или производ вреди. И вие имате ситуација буџетите да се трошени комплетно ненаменски, односно наместо да се користат повеќе за капитални инвестиции, вие во ситуација имате градоначалници многу повеќе пари трошеле на некакви стоки и услуги кои што воопшто не го подобруваат квалитетот и живот на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека за градоначалниците од СДСМ мисловна именка биле и користење на средства од ЕУ фондовите, што според нејзе е огромна штета за граѓаните на тие општини.

За жал состојбата е алармантна и катастрофална во овој дел и имаме една слика каде што речиси и да нема готови проектни документации. Кога станува збор за користење на средства од ЕУ фондови можам комплетно да кажам дека тоа е како мисловна именка за нив, значи воопшто не се ни направил обид за користење на такви грантови од ЕУ фондовите, што сметам дека е огромна штета за граѓаните на тие општини, кажа Димитирриеска Кочоска.

Таа додаде дека о сето ова може да се заклучи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја преземаа состојбата во општините со огромни долгови и тоа долгови направени за непродуктивни цели и имаме огромни обврски, па така буџетите во општините се пред време за 2022 година потрошени за сервисирање на вакви обврски.

Сите овие работи не водат до заклучок дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја преземаа состојбата во општините со огромни долгови и тоа долгови направени за непродуктивни цели и имаме огромни обврски, па така буџетите во општините се пред време за 2022 година потрошени за сервисирање на вакви обврски. И дополнително на ова или во овој момент најтешко, тоа е состојбата со сметките односно цената на електричната енергија кое што го отежнува работењето, вели Димитриеска Кочоска.