Градоначалникот на Куманово и идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, се обрати по повод шест месеци од формирањето на здружението и една година реален граѓански концепт.
Колку сме, толку сме, многу сме и повторно ќе победиме. Да видат дека сме за Македонија во Европа, но со чист образ, со крената глава, чесно гордо, достоинствено. Такви сме ние од наше Куманово. Различни по вера, по нација, по политичко убедување, но сите кумановци, заедно за нашиот град и за наша Македонија.
И затоа сме ние тука, дополнително да ги охрабриме луѓето и да направиме едно ново движење кое што ќе тргне од Куманово преку Прилеп, од Прилеп до Крушево, од Крушево во Тетово, од Тетово ќе се разгради низ цела Македонија“, порача Димитриевски.