Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на телевизија 21 го праша кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Оливер Илиевски што бара багерот на ЈП Стопанство да копа на приватни објекти во Карпош и зошто државни ресурси се искористуваат во приватни цели?

Во емисијата, Димитриевски потенцираше дека успеал да врати долгови на општина Куманово во висина од 11 ипол милиони евра и најави дека во следните 4 години ќе бидат реализирани 800 проекти.