– Има евидентирани и соодветно расчистени се вкупно 111 кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик, а за кои е предвидена парична или казна затвор до една година. Покрај тоа, во овој период регистрирани се и 35 кривични дела „пренесување заразна болест“, за кои согласно член 205 од Кривичниот законик предвидена е парична или казна затвор до три години. Овие кривични дела биле заокружени со 145 кривични пријави против 211 сторители, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во деветмесечниот период за непочитување на владината мерка, односно одлука за спречување на ширењето на „Ковид-19“ со задолжително носење на заштита на лицето биле изготвени вкупно 7733 поднесоци.