Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции.
Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, Димитриевски нагласи дека граѓаните одамна ја препознаваат разликата меѓу креирање и сондирање на јавното мислење. Тој истакна дека токму затоа ЗНАМ не троши стотици илјади денари за политички маркетинг, туку вложува време таму каде што е најважно, меѓу граѓаните.
Во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска Иднина, Европска Македонија“, раководтсвото на партијата веќе реализираа бројни средби со граѓаните низ повеќе градови, а од септември караванот продолжува со уште посилна динамика.
ЗНАМ е единствената политичка партија која во овој период, наместо да води политика од партиските штабови, секојдневно разговара лице в лице со граѓаните, ги слуша нивните проблеми, предлози и очекувања. Тоа е концептот на кој се темели нашето политичко делување и така ќе продолжиме и во иднина. „ЗНАМ е меѓу граѓаните во рамки на работното лето. Разговараме со нашите членови и со граѓаните. Ние сме единствената партија во моментов која води една таква постапка и сака да ги слушне граѓаните.“
Осврнувајќи се на владината реконструкција, претседателот на ЗНАМ потенцираше дека партијата не изгубила ништо, туку направила стратешка
политичка трансформација согласно својата програма.
