Максим Димитриевски има убедливо висок рејтинг на локалните избори во Куманово. На анкетата споредена од М проспект во периодот од 15 до 22 септември Димитриевски има 42.7% од гласовите, Оливер Илиевски од СДСМ има 19,2%, Тони Михајловки е со 8.9%, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ со 0.8 процени и Бесим Салију од Алијанса за Албанците и Алтернатива 2.5% проценти од гласовите.
Слична е и состојбата со гласовите за листите на советници. За Наше Куманово, граѓанската листа поддржана од Максим Димитриевски ќе гласаат 37.8% од испитаниците, за листата на СДСМ 12%, за листата на ВМРО – ДПМНЕ 9%, Алијанса на Албанците и Алтернатива, 2,5%, за БЕСА 1.1% и за другите листи се под 1%.
Според анкетата дури 56% од кумановчани сигурно ќе излезат на изборите. Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1003 испитаници.