Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во вчерашното гостување во централното издание на дневникот на телевизија Сител, на последното прашање упатено до него, за најавите дека ќе формира политичка партија и дали доколку има предвремени парламентарни избори, ќе настапи со сопствена политичка партија, тој потенцираше дека не најавил формирање на партија, туку најавил формирање на граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори.
Не најавив формирање на политичка партија, најавив формирање на граѓанско движење кое што задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или вонредни. Очекувам и повеќе од убеден сум дека ќе ја добиеме граѓанската поддршка, бидејќи не сме оптеретени со политика и немаме обврска кон никој. Нашата обврска се само граѓаните на оваа наша скромна и мала, но горда Македонија, истакна Димитриевски.
Според него, неизвесно е дали воопшто ќе има предвремени парламентарни избори, но сепак факт е дека граѓаните се незадоволни.