Реал Мадрид ова лето ќе купи голман, од неодамна се знаеше дека еден од кандидатите е Столе Димитриевски, сега Македонецот е чекор поблиску до кралскиот клуб откако првата цел, Давид Сориа ќе остане во Хетафе.

Украинскиот голман, Андриј Лунин ќе си замине од Реал Мадрид, па раководството на кралскиот клуб е во потрага по нова замена за Куртоа.

Прв избор им беше Давид Сориа од Хетафе, но последните информации велат дека тој ќе остане таму каде што е.

Тоа значи дека главната конкуренција на Димитриевски отпаѓа во игра. Сега Реал Мадрид ќе треба да бира меѓу него и голманот на Еспањол, Фернандо Пачеко.

Димитриевски во минатото се поврзуваше со Барселона, Македонецот ова лето е во комбинација да го засили Реал Мадрид.