Нашата заложба и посветеност е да привлечеме што повеќе квалитетни странски директни инвестиции кои ќе креираат додадена вредност во самата македонска економија, односно да привлечеме квалитетни странски директни инвестиции кои ќе имаат високо технолошко производство кои ќе креираат доста голем и позитивен извоз за БДП и ќе креираат високо платени работни места. Она што можам да го кажам е дека како институција која е одговорна за привлекувањето на странските инвестиции, управување и стопанисување со индустриски зони кои се во сопственост на државата, е тоа дека крајот на годинава, почетокот на 2027 година ќе се објават сите оние нови инвестиции коишто веќе се договорени.
Директорот на ТИРЗ информираше дека се потврдени околу седум нови странски инвестиции, за кои компаниите веќе донеле одлуки, најавувајќи дека дел од нив се големи мултинационални корпорации со долгогодишно меѓународно присуство. Тој објасни дека станува збор за нови производствени капацитети во ТИРЗ во Скопје, насочени кон производство на компоненти и индустриски системи, со очекувања за зголемен извоз и високо платени работни места.
„Станува збор за повеќе инвестиции, некаде околу 7 се потврдени, донесени се одлуки кај компаниите. Она што е карактеристично, поголем дел од тие нови инвестиции се мултинационални компании, едната од нив е присутна во светот повеќе од 200 години, значи сериозна мултинационална компанија која планира да инвестира некаде околу 50 милиони евра и да вработи повеќе од 200 лица, само во прва фаза. Ќе се гради нова фабрика и ќе биде во технолошко индустриско развојна зона во Скопје, со Законот за ТИРЗ, тие мора да бидат високо технолошко производство кое ќе произведува одредени компоненти за една индустрија. Тука морам да бидам внимателен, бидејќи со сите нив имаме склучено договори за доверливост и затоа ќе бидам внимателен во деталите, а во периодов што следи ќе има официјална презентација на секоја инвестиција кога ќе ги склучиме договорите, сега сме во постапка на одобрување на тие договори согласно позитивен законски пропис во државата и кога ќе ги склучуваме ќе ги презентираме сите детали на инвестициите“, рече Димовски.
„Другата компанија доаѓа од Европа која постои од 1850 година, производство во одредени системи, значи нема да биде компонента ќе биде систем. Првата фаза согласно бизнис планот ќе инвестира околу 30 милиони евра, ќе биде лоцирана во технолошко индустриско развојна зона во Скопје. Прва фаза компанијата вработува повеќе од 150 лица. Другата компанија е доста популарна во светот и ќе инвестира околу 70 милиони евра и да вработува околу 400 лица и како втората компанија, ќе произведува одредени системи, нема да произведува само компоненти како што беше примерот со првата компанија. Ќе има нови производствени погони, ќе креираат поголем извоз кој е важен за нашата економија, високо платени работни места“, додаде Димовски.
