Во емисијата, Димитриевски информираше за неколку приоритети во работата кои ќе бидат имплементирани веднаш откако повторно ќе стапи на функцијата градоначалник.

– Тоа се решавањето на сообраќајниот метеж, изградба на нови кружни токови во градот, продолжување со стратегијата за справување со отпад, кревање на нивото на хигиената во градот, како и уредување на речните корита. И секако она што е неизбежно во 21 век за жал да зборуваме за асфалтирање на улици, бидејќи проблемите се големи, но можам да ги уверам граѓаните дека има решенија за тие проблеми, потенцираше Димитриевски.

Тој потсети дека Општина Куманово во 2017 година имала долгови од 11ипол милиони евра, со што беше финансиски блокирана. Денеска, Општина Куманово не должи никому. Финансиски е деблокирана со сопствени средства на граѓаните и со скромната помош што ја доби, приближно 2 милиони евра од државата. Во овој момент, на сметката на Општината има повеќе од 4 милиони евра, кои ќе бидат искористени за инвестиции.

Димитриевски ја поздрави одлуката за оставка на министерот за здравство Венко Филипче по страшната несреќа која се случи во Тетово.