Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи, ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и ќе заврши пред болницата во Тетово.

Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска.

Во пожарот во кој изгоре модуларната ковид болница загинаа 14 лица, а 12 се спасија.