Доколку победи концептот продолжуваме понатаму да работиме за Куманово, но нема да се откажам од политичкото делување. Тоа ќе значат реформи во СДСМ, нема да се откажам од партијата. Јавно сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои дадоа потписи. За 2 часа ги собравме сите потписи.
Граѓаните се одважија и застанаа зад еден концепт. Сликата во Куманово повеќе нема да биде црно бела, повеќето кои се потпишаа на таа листа се
членови и симпатизери на СДСМ, но има и Албанци, Срби, Роми, а најмалку од нив доаѓаат од редовите на јавните претпријатија и општинските установи. Моите први соработници во општината, раководителите на секторите ги нема во потпишаните, бидејќи се плашат. Јас ги разбирам луѓето, не сакам да ги ставам во непријатна состојба. Ако вие се осмелувате секојдневно да го испраќате началникот на полиција, инспектори, да разговараат со лица кои се потпишани на списоците всушност сфаќате во каков систем живеете и против каков систем сте се бореле.
Ако порано беше тоа МВР транформирано во МВРО, сега имате слична ситуација, но не сакам да кажам со напред претставка „С“ бидејќи пак тоа е мојата партија. Но, тоа што господинот Спасовски го направи со МВР е за секаква осуда и времето тоа ќе го потврди. Врвните професионалци ги
турна на страна, а голем број на кадри кои не се обучени за одредени високи позиции ги позиционираше во првиот круг како соработници,
советници на високи оперативни задачи, а всушност гледаме дека ништо драстично не се менува во системот на јавната безбедност“, потенцираше
Димитриевски и додаде дека јавно ќе реагира во секоја прилика кога во самата кампања ќе бидат злоупотребени државните органи во политички
цели.