Во пожарот загинале 14 лица и не станува за намерно подметнат пожар, рече претседателот Пендаровски. Тој додаде дека без разлика на шпекулациите на јавноста, (бидејќи трагедијата се случи на денот на независноста) пожарот не е подметнат. Тој за ова разговарал и телефонски со словенечкиот претседател Борут Пахор.

Претседателот рече дека има информации дека од сведочења на граѓани разбрал дека лица помагале при извлекување на пациентите од прозорците на болницата.