Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во денешното гостување во Студио 10 на телевизија 24 изрази сочувство до семејствата на загинатите од пожарот кој ноќеска се случи во модуларниот ковид центар во тетовската болница и повика на одговорност.
– Многу жалам за тоа што се случи во Тетово, сочувство до сите семејства за загубите. Сите сме трогнати од настанот. Апелирам што побрзо расчистување на случајот и одговорност мора да има. Ова е недозволиво, истакна Димитриевски.