Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24 во однос на изјавата на министерот за
надворешни работи Бујар Османи за самоопределените македонци во Бугарија дека Македонија не може да застане зад нив и не можат да се мешаат во бугарскиот Устав, поради договорот во 1999 година на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, но и дека тие се бугарски државјани и бугарската држава треба да застане зад нив, како што само оваа држава може да застане зад него, Димитриевски постави прашање кон Османи дали доколку тоа во Бугарија не беа Македонци, туку беа албанци дали ќе имал ваква изјава?
„Еве ќе одговорам со поставување на прашање кон господинот Османи, доколку тоа во Бугарија не беа Македонци туку беа албанци дали ќе имаше ваква изјава? И тука лежи одговорот зошто господинот Османи не е најсоодветната личност да биде на оваа функција во овој момент кога се дискутира за едно круцијално, национално прашање на македонскиот народ.
Секако дека немаше да биде тој одговор, туку тогаш ќе се водеше од националните афинитети и аспекти и ќе даваше поинакви изјави. Знаете, кога разговарате за интересот на другиот, а не сте директно засегнати не се водите од емоции, туку првенствено, исклучиво од класична прагма, да се добие датумот за преговори. Па ова прашање апсолутно не смее да биде разгледувано, но доколку нема реципроцитет граѓаните во нашата, но и во соседна Бугарија првенствено врз база на нивното лично самочувство се изјаснуваат што се. Ние тоа не им го наметнуваме дали се тие Македонци, Бугари, Срби, Грци, Албанци или нешто друго. Тоа е лично чувство. Матичната држава нема право да се меша по тоа прашање. Но, видете, Балканот е мешан. Колку пати сме оделе во Бугарија на скијање, во Банско, во Благоевград и ќе чуете од многу граѓани „па и јас сум Македонец“, се пеат, се интерпретираат македонски песни, зошто тогаш не им оставите можност и право на тие луѓе ако се декларирате како демократска држава да се самоопределат. А од другата страна го барате тоа право и директно се мешате во внатрешното уредување на соседна држава и барате да влезат во Уставот“, рече Димитриевски.