Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски имаше заедничка работна средба со сите кандидати за градоначалници во Куманово.

Горд сум што седнавме на заедничка маса со Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ, и со Беким Салиу од АА/А за да дискутираме за подобрувањето на нашата општина, но и за подобар квалитет на живот на сите кумановци.

Оваа средба ја реализиравме со цел суштинските проекти од програмите на сите кандидати да ги инкорпорираме во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги имплементираме. Куманово се одважи и покажа заедништво, ова е патот по кој мора да се движиме. Тоа им го должиме на граѓаните, на себе и на нашите деца. Ветувам работење исклучиво во интерес на сите граѓани, затоа што граѓанскиот интерес е пред сè!
Општината и во следните 4 години е отворена за сите граѓани, организации, институции, за сечија идеја и делување за подобрување и унапредување на Куманово. Општината секогаш ќе биде отворена и за моите противкандидати затоа што за интересите на граѓаните мораме да бидеме обединети и сложни. Ви благодарам за денешната средба!, порача Димитриевски.