Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва коментираше како сопругот на министерката за образование Мила Царовска, врши дејност во една кумановска градинка за 7-8 пати поскапи цени, но дека морало тој да биде ангажиран.

„Кога ја споменавте Царовска. Не сакав да именувам по петти пат исти директор кој пет пати повеќе троши леб од касарната во Куманово. Сопругот на Царовска снима промотивни спотови во градинка за 7-8 поскапи цени од оние што ние ги плаќаме како општина. И тој мора да биде одбран“, рече Димитриевски.