Градоначалникот на Општина Куманово и лидерот на ЗНАМ утрово гостува на Радио Лидер. На новинарско прашање околу недоразбирањата со ВЛЕН тој направи ретроспектива за неговата релација на македонско-албански односи.
Во политиката мора да имате континуитет. Моите ставови имаат континуитет откако сум во локалната власт. Јас се борев Албанците да добијат средно училиште. Се борев и успеав. Тогаш ме обвинуваа Македонците. Поделбата е со моноетничките политички субјекти. Сакав да правиме „Едно општество за сите“, пример 27 април. Тогаш бев добар за ДУИ, добар за нив бев кога ВМРО-ДПМНЕ аздиса во 2017 година. Потоа почнав да се однесувам како нив. Дојдоа локалните избори. ДУИ ме претставуваше како националист. Јас сум патриот, не сум националист. Израснав во мешана средина, сите сум ги почитувал, до ден денес ми се другари. Но, јас мора да го бранам интересот на државата, мојот народ. Да сме зависеле од желбата на ентичките заедници немало да бидеме независна држава, вели Димитриевски.
Даде потсетување за локалните избори во 2021 година.
Тој наратив што ми се наметнува е за да ми се урне поддршката што ја уживав кај албанскиот електорат. Јас имав поддршка од 42 до 27 отсто кај албанскиот електорат. Јас имав средби во Диво Насеље. Јас не бегам од тоа што го зборувам и секогаш стојам зад моите зборови, потсетува гостинот.
Сепак тој поентираше дека нема договорено коалиција со ВЛЕН. Тој вели дека се води од почитување закон.
Јас немам договорено коалиција со ВЛЕН, ние како ЗНАМ имаме договорено коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Нашата цел е да не се повтори она од минатото кога ДУИ го истроши во СДСМ. Верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ е доволно умешен да не го дозволи тоа. Тука сме изедначени на неколку теми. Со ВЛЕН има недоразбирања, да. Јас само повикувам на почитување закон. На локално ниво со ВЛЕН одлично функционираме. Државно знаме, државна химна, мора да се почитуваат. Нацијата ја правиме сите, рече Димитриевски за Радио Лидер.