Од министрите и замениците министри кои не станаа дел од владата на Ковачевски тројца побарале апанажа, еден вицепремиер, еден министер и еден заменик.

Според А1он, станува збор за екс вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, потоа Аријанит Хоџа кој беше министер за земјоделие, и Седат Сулејмани кој беше заменик министер за култура. Тие во наредните 9 месеци ќе треба да земаат апанажа.

Димитров изјавил дека пред да влезе во владата откажал ангажман во меѓународен институт во Париз и дека живее од плата.

Не сум од тие кои покрај работата имаат бизниси. Додека не се организирам ќе користам апанажа, изјавил Димитров за А1он.

Апанажа нема да зема и поранешната министерка за култура Ирена Стефоска која се вратила на академската кариера, а познато е дека Венко Филипче ќе се врати на клиника, додека претходно беше објавено дека Зоран Заев ќе работи во семејните фирми.