Освен за европската интеграција на Македонија кон ЕУ, Димитров во интервју за грчкиот весник се осврнува и на бугарската блокада.

Според вицепремиерот случајот на Македонија е тест за кредибилитетот на Унијата на Западен Балкан посочувајќи дека многумина ќе се запрашаат дали ЕУ е навистина сериозна.

-На ова треба да се додаде и неодамнешното пуштање на контроверзниот нон пејпер за промена на границите и формирање поголеми држави, кога долгорочно имаме потреба од „европски Балкан“ во кој границите ќе имаат помало значење, посочува Димитров,.