Во речникот што го создаде пандемијата, моментално најактуелен збор е „бустер“ што мислам дека е најблиску до значењето на еден друг збор, инаку често употребуван во контекст на ЕУ – „поттик“, објасни вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, откако ја примил третата доза вакцина против коронавирусот, иако како што вели, не е во групата за која бустерот е препорачан.

Надминувањето на сериозни предизвици бара соодветен поттик, затоа денеска одлучив да примам трета доза вакцина против КОВИД-19. Чисто да се знае, не сум во возрасната група за која посебно се препорачува, напиша Димитров на Фејсбук.

Досега трета доза примиле повеќе министри, премиерот во заминување Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.